Во Бунарџик ќе никнат две фабрики за ретровизори

Bez autora
Sep 01 2011

Со потпишување договори и поставување камен-темелник во технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 (Бунарџик) индиската компанија Samvardhana Motherson Group (SMG) ја почна реализацијата на инвестицијата во Македонија. Меморандумот за разбирање и договорите за закуп за земјиште и за доделување државна помош беа потпишани од страна на претседателот на компанијата Вивек Чаанд Шангал и извршниот директор за Европа, Андреас Хојзек, и директорите на Агенцијата за странски инвестиции и на ТИРЗ Скопје 1, Виктор Мизо и Наташа Хаџилега. Премиерот Никола Груевски, кој присуствуваше на поставувањето камен-темелникот, истакна дека е гордост што во Македонија влегува голем гигант. Новата инвестиција, според Груевски, има двојно значење за Македонија бидејќи од една страна ќе обезбеди нови вработувања и можни натамошни инвестиции најавени од страна на инвеститорот, а од друга страна ќе биде одлична препорака за останатите компании од Индија како брзорастечка држава.

Во Бунарџик ќе никнат две фабрики за ретровизориСо потпишување договори и поставување камен-темелник во технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 (Бунарџик) индиската компанија Samvardhana Motherson Group (SMG) ја почна реализацијата на инвестицијата во Македонија.

Меморандумот за разбирање и договорите за закуп за земјиште и за доделување државна помош беа потпишани од страна на претседателот на компанијата Вивек Чаанд Шангал и извршниот директор за Европа, Андреас Хојзек, и директорите на Агенцијата за странски инвестиции и на ТИРЗ Скопје 1, Виктор Мизо и Наташа Хаџилега.

Премиерот Никола Груевски, кој присуствуваше на поставувањето камен-темелникот, истакна дека е гордост што во Македонија влегува голем гигант. Новата инвестиција, според Груевски, има двојно значење за Македонија бидејќи од една страна ќе обезбеди нови вработувања и можни натамошни инвестиции најавени од страна на инвеститорот, а од друга страна ќе биде одлична препорака за останатите компании од Индија како брзорастечка држава.

- Чекор по чекор со политиките на Владата за привлекување странски инвестиции оваа индустриска зона си ја добива својата физиономија. Иако пред почетокот на глобалната економска криза беа резервирани речиси 80 отсто од компаниите, имаме нов бран крупни компании кои се заинтересирани за инвестирање во Македонија по попуштањето на светската економска криза. Така што не случајно е и доаѓањето на три последователни инвестиции во Македонија во последниот период - нагласи Груевски кој најави дека во тек се преговори и со поголем број компании кои се пред донесување на конечна одлука за инвестирање во Македонија.

Претседателот на индиската компанија Вивек Чаанд Шангал изрази надеж дека во Македонија ќе најде нов дом. Рече дека почнува со два проекта, но не ја исклучи можноста за натамошен развој. Според вицепремиерот Владимир Пешевски, индиската инвестиција е уште една потврда дека владините политики за привлекување странски инвестиции вродуваат со плод.

Во Бунарџик треба да бидат изградени два производствени погони на градежно земјиште со површина од 2,7 хектари. Во еден од објектите е планирано да се произведуваат лимени делови за ретровизори, а во другиот стакло за ретровизори наменети за автомобилската индустрија. Новите објекти треба да бидат готови за една година. Целото производство ќе биде наменето за европските производители на автомобили кои ќе ги добиваат готовите ретровизори претходно монтирани во фабрика на групацијата во Унгарија. Вкупната инвестиција изнесува 12 милиони евра и со неа треба да се обезбедат нови работни места за 140 македонски граѓани.
Мадерсон Групацијатаа е брзорастечка компанија со седиште во Индија, со над 90 производствени капацитети поддржани од центри за дизајн и канцеларии за поддршка во 23 земји на сите континенти.

Досега во ТИРЗ Скопје 1 имаат инвестирано американската Џонсон контролсс, британската Џонсон Мети", италијанската Технокозе", американската Кемет електроникс" и руската компанија Продис", дел од фармацевтскиот холдинг Протек груп". Следниот месец се чека Џонсон контролс", кој веќе работи во Бунарџик, да го официјализира влезот во слободната зона Штип, каде ќе градат фабрика за седишта за автомобили. Исто така, германската компанија Кромберг и Шуберт" го доби одобрението за градба во битолската зона каде ќе се изгради фабрика за автомобилска опрема. Градоначалникот на Битола, Владимир Талески вчера соопшти дека завршени се сите формалности и се создадени услови идната недела да почне подготовката на парцелите на кои ќе се гради и функционира идната фабрика за изработка на кабли за возила.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik